Привршуваат преговорите за воспоставување на чартер лет Охрид Москва. За идната сезона се очекува авио поврзување и со Измир, Истанбул и Анкара. Најавени се двојно повеќе чартер летови од холандските тур оператори во текот на летниот период, воедно и летови од Полска и Велика Британија.
Туристичкото стопанство во светски рамки се надева за крај на пандемијата и враќање во нормала. Според нивните прогнози идната сезона ќе биде многу подобра од изминативе две години.
Мислам дека идната 2022 година ќе има приближно 2,5 ,милиони ноќевања во земјава. 2021 година очекуваме да се достигне стратешкото планирање на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со отприлика 2,2 до 2,3 милиони нокевања. Некаде блиску до бројките од 2015 година – вели Љупчо Јаневски директор на Агенцијата за туризам.
Во однос на финансиската поддршка на туристичкиот сектор, од Агенцијата за туризам велат потребна е опсежна анализа.
Со коморите и со туристичките работници со асоцијациите и здруженијата да се излезе со дополнителни мерки, доколку одлучи владата да им се даде дополнителна помош на туристичкиот сектор. Всушност ако ги гледаме крајните бројки тие и нема да изгледаат толку лошо, но сепак во одредени делови во туризмот да се интервенира пред се ако говориме за хотелските и другите останати сместувачки капацитети – вели Јаневски.
Од 1500 тестирани холандски туристи кои ја посетија летово Македнија, ниту еден не бил позитивен на ковид вирусот при враќањето дома. Тоа е голем показател дека земјава е безбедна дестинација каде се применуваат сите мерки за заштита, информираат од Агенцијата.
Изминатата сезона беше многу кратка, но со голем пик, заклучно со месец август забележани се 1,8 милиони ноќевања.
Новинар : Соња Рилковска
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град