За брзо време плажата „Сараиште“, ќе биде готова за охриѓани и бројните туристи. Оваа песочна плажа во центарот на градот е соодветно уредена со сите потребни содржини и ќе биде бесплатна за користење.
При крај е уредувањето на градската плажа „Сараиште“, во стариот дел на градот. Оваа место ќе претставува слободна плажа за охриѓани и бројните туристи кои ќе уживаат на ова прекрасно место во срцето на градот, вели секретарот на општина Охрид Димитар Спасески.
„На тој потег плажата е исчистена уредена поставени се инсталации за тушеви деновиве се очекува поставување на тушеви и соблекувални така што оваа плажа ќе биде соодветно уредена онака како што треба да можат граѓаните да ја користат во текот на летниот период. Напоменувам дека оваа плажа е бесплатна и е дел од нашата интенција за отварање и овозможување на услови за што повеќе охриѓани и гостите да користат бесплатни плажи како што би се рекреирале во текот овие летни горештини“ – вели Спасески.
Спасески тврди дека сите проблеми кои што се појавиле во текот на уредувањето на плажата биле отстранети, посебно проблемот со кајчињата кои беа на самата плажа. Исто така кажа дека на плажата биле поставени и соодветни корпи за отпадоци. Инаку како што информира од локалната самоуправа рано утрово екипи на ЈП “Градски Гробишта” работеле на поставување ситна езерска песок од околу 10м2, a просторот за плажа бил дополнат и со неколку клупи за седење.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град