Презентирана „MK Guide“ апликацијата

Атрактивен начин за презентација и спознавање на убавините на Охрид и Македонија.

 |  Голабовски Крсте  | 
Ivo Ivanoski
Иво Иваноски

Иво Иваноски, Министерот за информатичко општество и администрација, ја презентира најновата апликација за андроид оперативниот систем, наречена Македонски водич или „MK Guide“.

Убавините на Охрид и Македонија отсега достапни на вашиот мобилен преку MK Guide апликацијата. Истата е изработена од страна на  Министерството за информатичко општество и администрација, а во соработка со Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ и ФИНКИ. Целта на апликацијата е да им помогне на сите посетители и  туристи во Охрид, а посебно на туристичките водичи, да имаат една современа алатка за презентација на  убавините на Охрид и Република Македонија, преку користењето на најновите технологии од 21-от век, истакна Иво Иваноски, Министерот за информатичко општество и администрација.

aplikacija„Станува збор за апликација која работи на т.н augmentted реалност, еден вид виртуелна реалност, во апликацијата која имате можност да ја следите на екранот. Има повеќе опции во коишто мапи со користење на GPS сигнал и користење на интернет сигнал, ќе можат сите оние коишто ја имаат оваа апликација и имаат интернет сигнал на својот телефон да ги обележат и посетат најзначајните туристички атракции во Охрид.“ истакна Министерот Иваноски.

Апликацијата има повеќе можности, и тоа мапа која може да се зумира до радиус од 250 км, на која се гледаат знаменитостите со мали сликички, во зависност од тоа каде се наоѓа туристот. Потоа тука е опцијата каде се излистани сите атракции, со дополнителни информации за истите како и опцијата за листање на локациите по нивно име. Доктор Никола Бакрачески, кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека оваа апликација ќе биде моќно оружје на нашите туристички водичи за полесно и поефикасно презентирање на културно историското и архитектонското богатство на Охрид.

aplikacijaОвој проект ќе даде и еден дополнителен импулс за заживување на туристичката понуда на Охрид каде што преку комуникациски помагала и користење на најновите достигнувања во информатичко технолошкиот развој ќе овозможиме полесна поефикасна и посовремена презентација на нашиот град, не само во корист на туристите кои ќе доаѓаат туку и насамите охриѓани и на турстичките водичи,“ потенцираше кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Бакрачески.

Бакрачески додаде дека ова е уште еден начин на кој идната нова Локална самоуправа ќе соработува со Владата на РМ,начин преку кој ние недвосмислено потврдуваме дека во определбата за издигнување на Охрид ќе се водиме исклучиво од желбата за подем и успех на градот, не само како македонски туку и како светско богатство.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top