Целосната туристичка понуда на Охрид – туристичкиот потенцијал, како и културното и природното богатство, денеска ќе биде презентирано во седиштето на Европската унија.
Целосната туристичка понуда на Охрид – туристичкиот потенцијал, како и културното и природното богатство, денеска ќе биде презентирано во седиштето на Европската унија
На презентацијата за туристичката понуда на Охрид што ќе се одржи вечерва во просториите на Македонската амбасада во Брисел, е најавено присуство на голем број европарламентарци, како и повеќе белгиски туроператори и туристички агенции.
На охридската вечер во Брисел ќе има предавања, презентација на печатени промотивни и рекламни материјали, видео-записи за Охрид, а за гостите Македонската амбасада организира и дегустација на храна и вино од македонското поднебје, сето проследено со народна македонска музика.
Туристичката презентација на Охрид е организирана на барање на Амбасадата на Македонија во Белгија, од каде тврдат дека голем интерес кај белгиските туроператoри, предизвикал промотивниот текст за Охрид што под наслов „Седумте чуда на Охрид“ беше објавен во новогодишното издание на престижниот магазин „The Parlament“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град