Презентација на проектот„Култура без граници“

ОУ Св. Климент Охридски денеска домакин на претствници од повеќе училишта на држави регионов но и пошироко.

 |  Татјана Маленкова  | 
hor
хор

Се презентираше прокетот „Култура без граници“. Децата проговорија на повеќе светски јазици но и преку игра презнетираа различни носии и култури.

Македонско оро, Јапонки, Шпањолки. Поздрав до гостите на повеќе светски јазици и заедничка изведба на песната од Тоше Проевски „За еден ден“. Ова беше само дел од богатата програма која ја имаа подготвено децата од ОУ Св Климент Охридски со своите наставници за гостите од Црна Гора, Австрија, Италија.

„Култура без граници“, е заеднички прокет на Основните училишта од Македонија, Австрија, Украина и Италија. ОУ Св. Климент Охридски денеска беше домакин на претствници од повеќе училишта на држави од овој регион но и пошироко. 

proslava„Пошириката јавност ја информиравме уште во октомври, кога се вклучивме во проектов, засега се 4 училишта, но како училиште очекуваме и да се отвориме и да соработуваме и со останатите училишта. Сега сме на чекор да се вклучиме и со уште еден проект во кој се вклучени училишта на градови, под заштита на УНЕСКО“, – вели директорката на ОУ Св. Климент Охридски, Славица Илиќ.

„Со поврзување на децата ќе ги освоиме границите, вели Кристина Мадабагаха“, директор на ОУ Леиштраша од Виена.

Охридското основно училиште е 11 во мрежата на меѓународната организација од проектот на Унескови училишни мрежи. Охридскто основно училиште во овој проект беше вклучено од страна на директорот на ОУ Народни Херои Савелиќ од Корор, Небојша Куџ.  

„Нашите училишта не се под училишната  програма на Унеско ,  но како дел од градови заштитени од страна на оваа меѓународна организација станаа и дел од овој проект. Предност е да се учествува во овие проекти. Деца од вашето учлиште на крајот од Мај ќе дојдт во посета на Котор. Во овие лоши економски времиња, ова е можност децата да патуваат и да се дружат, а со тоа да стекнуваат нови искуства и пријателства“, вели Куџ – директорот на ОУ Народни Херои Савелиќ од Корор.

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top