Превентивата е најдобар лек за остеопорозата

По повод светскиот ден на борба против остеопорозата 20 Октомври, Црвен крст Охрид  организира предавање на тема ОСТЕОПОРОЗАТА – Превентивата е најдобар лек, кое ќе го одржи Др. Кристина Стојаноска Алоска, стоматолог.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo

По повод светскиот ден на борба против остеопорозата 20 Октомври, Црвен крст Охрид  организира предавање на тема ОСТЕОПОРОЗАТА – Превентивата е најдобар лек, кое ќе го одржи Др. Кристина Стојаноска Алоска, стоматолог.
 
batkoskiСпоред дефиницијата на Светската здравствена организација, остеопорозата е системско метаболно, ендокринолошко заболување кое се карактеризира со ниска коскена маса и подложност на скршеници кои носат несогледливи последици за здравјето и висок морталитет. Главната причина за појава на оваа болест кај жените е намалувањето на нивото на естрогените хормони, односно тестостеронот кај мажите. Според статистиката во Македонија, секоја трета жена и секој петти маж имаат остеопороза.

Освен за остеопорозата како заболување, на ова предавање ќе се говори  и за значењето на витамините и минералите врз здравјето, ќе бидат назначени совети  како до поздрави коски како и  за третманот односно превенцијата од ова заболување, а акцент ќе се стави и на проблемите кои се јавуваат во устата како последица од ова заболување.  

 Предавањето ќе се одржи во вторник, 20 Октомври 2015, во 18 часот во просториите на Црвен крст Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top