Превенција од провални кражби

„Превенција од провални кражби“ е темата на состанокот што СВР Охрид денес во 18 часот го организира во во малата сала при општината Охрид.

 |  Голабовски Крсте  | 
svr

„Превенција од провални кражби“ е темата на состанокот што СВР Охрид денес во 18 часот го организира во во малата сала при општината Охрид.

svrСостанокот е планиран во соработка со локалната самоуправа – сектор за комунален развој, а поканети се председатели на урбани заедници, заедници на станари, фирмите кои стопанисуваат со станбените објекти „Урбан Солитер„ и „Мебо“. Поканети се и заинтересирани граѓани од зградата „Кифла“; северно на „Булевар Туристичка“; југо – источно по улицата „7ми Ноември“; западно по улицата „Питу Гули“; западно по улица „Јане Сандански“ се до со спојот со „Булевар Туристичка.

На средбата, инспектор за превенција по криминалистички работи, со пауер поинт презентација ќе одржи едукативно предавање на тема:„Обезбеди се не биди жртва на кражби“.

На средбата предвидени се наменски осврти и на одредбите од Законот за домување.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top