Претставниците на УНЕСКО остварија средба со градоначалникот Никола Бакрачески

Претставниците од УНЕСКО го слушнаа мислењето на охридскиот градоначалник Никола Бакрачески околу реализацијата на некои од предвидените Владини проекти, во заштитените подрачја, како и нивниот импакт врз човековата околина.

 |  Николоска Биљана  | 

Експертите од Комисијата на УНЕСКО, во рамки на нивната работна посета на Охрид, остварија средба и со првиот човек на градот Никола Бакрачески. Средбата градоначалникот ја оцени како мошне конструкривна, бидејќи на истата биле разгледани сите аспекти внесени во агендата кои што произлегуваат од планираните проекти.

„Секако дека ги разгледавме сите пооделни точки од нивната агенда го кажвме нашето мислење во поглед на импактот кој што можат овие проекти да го имаат на заштитата на човековата околина и секако заштитата и конзервацијата на културното наследство, укажавме уште еднаш колку е важно за нас зачувувањето на статусот на заштитено културно и природно наследство на УНЕСКО на градот Охрид и што е сето она што општина Охрид во координација со владините ресорни министерства го прави во делот на заштитата на природното и културно наследство на Охрид

Бакрачески истакна дека оваа посета е од круцијално значење за Охрид, бидејќи сепак искуствата доаѓаат од експерти кои длабоко ја познаваат проблематиката на заштитата на културното и природното наследство.

„Ќе служи и како еден вид и размена на искуства со експерти од оваа област меѓутоа претпоставувам дека ќе произлезат и своевидни заклучоци кои ќе бидат со еден водич за Локалната самоуправа на Охрид и секако за Владините тела како во иднина треба да се справуваме со овие предизвици во делот на заштитата на природното и културнотонаследство на Охрид и на охридскито регион“.

Комисија за мониторинг уште вечерва ќе реализира средба и со претставници на невладиниот сектор и граѓански еколошки здруженија. Инспекцијата на Претставниците на УНЕСКО во охридскиот регион според најавите ќе трае до 14ти април.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top