Претставена независната советничка листа чиј носител е Љупчо Нечкоски. Станува збор за чесни и авторитетни луѓе, стопанственици и студенти кои имаат своја програма.
Претставена независната советничка листа чиј носител е Љупчо Нечкоски. Станува збор за чесни и авторитетни луѓе, стопанственици и студенти кои имаат своја програма.
Во фокусот ќе бидат младите луѓе кои се во незавидна ситуација со вработувањето, а кои треба да си го најдат своето место во рамките на општината во сгласност со своите стручни квалитети без оглед на партиската припадност изјави дипломираниот инжинер Стефка Јанкоска, кандидат за советник.
Носителот на независната советничка листа, Нечкоски укажа на големата неправда врз носителите на независните советнички листи што им е нанесена со измените и дополнувањата на изборниот законик од октомври 2008 година. Нечкоски укажа на гушењето на демократијата со измените на Изборниот законик.
Избирачите се доведуваат во недоумица бидејќи носителите на независните листи се преставени со иницијали како малолетници или криминалци смета Нечкоски. Со тоа на кандидатите им е ускратено уставното право да бидат бирани со цело име и презиме, а гласачите ќе бидат збунети кога ќе се судрат со иницијали на носители од 10 -тина листи додава Нечкоски. Тој нема сознанија дали некој ја оспорил пред уставниот суд оваа законска норма.
Покрај носителот на листата Љупчо Нечкоси се наоѓаат и кандидатите: дип инж.Стевка Јанкоска, приватниот стопанственик Марјан Иваноски, градежниот инжинер Васил Бојаџиески, Милчо Влаоски приватен стопанственик, Виолета Пуцоска дип.сооб.инж.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град