Под мотото „За мене Охрид е главен град“, кандидатот за градоначалник од НСДП, Ацо Попоски и неговиот тим ја претставија изборната програма.
Под мотото „За мене Охрид е главен град“, кандидатот за градоначалник од НСДП, Ацо Попоски и неговиот тим ја претставија изборната програма.
Тимот на НСДП, кој се состои од 23 врвни стручни лица, ќе понудат Охрид да стане модерен град со стопански перспективи, со долга туристичка сезона, град на социјална сигурност. Градоначалничкиот кандидат, Ацо Попоски кажа дека тие ќе понудат иднина за Охрид. Во главните теми од програмата, има многу содржини кои ќе ги допрат сите сегменти за живеење на Охрид. Ќе го допрат спортот, културата, образованието, индустријата, социјалата, младите и повозрасните, луѓето кои се заборавени во општествотот, па и во Охрид.
Тимот ќе работи напорно и посветено за препородување на Охрид, ветија од НСДП. Претставена беше и носителката на советничката листа, Верица Хајба. Таа потенцираше дека нивната листа се разликува по многу нешта од останатите понудени листи. Единствени се по тоа што имаат понудено жена-носител на советничката листа, што нивните кандидати на листата не се политички обоени луѓе, а ги претставуваат и пензионерите.
Од НСДП истакнаа дека кампањата ќе биде спроведена не да преовладува политиката, туку ќе преовладува желбата на тимот „од Охрид да направи убав и модерен град“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град