Претставата на знаковен јазик „Три“ четврток во Центарот за култура Охрид

НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид во соработка со асоцијацијата АТО – Центар за современа уметност и култура – Битола и НУЦК Битола ве покануваат на бесплатна изведба за најмладите на претставата “ТРИ” – прва професионална претстава на знаковен јазик за глувонеми и наглуви деца за прв пат во нашата земја во четврток 02.12.2021 година, во 17.00 часот, влезот е слободен, бројот на места е ограничен согласно протоколи.

 |   | 

Претставата е наменета и за широката детска публика, бидејќи актерите на сцена паралелно зборуваат говорно и на знаковен јазик, со овој театарски уникатен новитет на самата премиера се случи инклузија, радост и чувство на еднаквост помеѓу сите деца во публиката.
Играат 4 актери во улога на: Sвонко Бонбонко кој е најзабавен за детската публика и трите самовили: Розе, Лила и Синка. Главната тема и дејствие е случувањето на еко – катастрофа и поради тие причини сите другари, (ликовите) сложно тргаат на мисија да го исчистат целиот свет и да го фрлат ѓубрето селектирајќи го во соодветните корпи за отпадоци за рециклирање со цел за градење на свеста кај најмладите и негување на природата.
 
Претставата ќе се одржи согласно здравствените протоколи со ограничен број на публика, а за влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:
-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно вакцинирани со две дози со вакцина против КОВИД-19
-сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
-сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top