Претставата „Зоран Радмиловиќ“ вечерва пред охриѓани

Монодрамата „Зоран Радмиловиќ“,  добитник на златен медал за глума во Србија и други држави,  денеска  гостува во Охрид.

 |  Голабовски Крсте  | 
MONODRAMA
МОНОДРАМА

На малата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“ љубителите на театарската уметност ќе имаат ретка прилика да уживаат во генијалната интерактивна изведба во времетраење  од 60 минути. Ликот на Зоран Радмиловиќ го игра Иван Томашевиќ, кој се јавува и како текстописец на истоимената монодрама.  Режијата е на Андреа Ада Лазиќ.

-Оваа приказна е заснована на паралелниот однос помеѓу Салиери и Моцарт, нашиот актер и гениалниот Зоран Радмиловиќ. Колку и да приказната за актерот  тешка, за публиката е комична што беше наша цел, вели Томашевиќ.
Охридско Лето и Народниот театар од Охрид како најголеми културни институции даваат поддршка на проектите кои се од големо значење за културниот развој на градот но и претстави кои се на нивото на врвни театарски креации.

ivan Според раководството на Охридско лето,  на овој начин се остварува замислата Националната установа да биде сценски активна и надвор од фестивалската рамка.

Овојпат, заедно со Народниот театар од Охрид,  реализираме еден проект со кој чекориме кон уште поголеми дострели и поспектакуларни фестивалски изданија, велат од таму.

„Зоран Радмиловиќ“ е во продукција на Сцена Маска, која е формирана во 2002 година. Ја основале прваците на Народниот театар од Шабац, Анета и Иван Томашевиќ. За овие дваесет години, Маска оствари 15 премиери, учествувала на многу фестивали во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Русија, Австрија, Германија и Словенија.

За своите представи Маска добила неколку награди на интернационални и домашни фестивали, а глумците од тие претстави се добитници на значајни признанија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top