Актуениот градоначалник и кандидат за трет мандат Александар Петрески заедно со својот тим денес ја одржаа завршната пресс конференција.
Александар Петрески, кандидатот за градоначалник од коалицијата Сојуз за иднината денес на завршното официјално обраќање пред новинарите, даде генерална оценка за кампањеата која се водеше во изминатите две недели. Тој рече дека ова е најлошата кампања која досега се спровела и дека нивните опоненти не бирале средства и начини за заплашување на граѓаните.
Петрески вети дека првото утринско кафе во новиот мандат ќе го испие со новинарите, а мандатот ќе го потпише со пенкалото кое денес му го подарија членовите од неговиот тим.
Кандидатот за градоначалник од коалицијата Сојуз за иднината ги повика граѓаните на 24ти масовно и достоинствено да излезат на гласање и да го заокружат бројот 42.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град