Преспанското езеро во опасност

Преспанското езеро не е запоставено само од Македонска страна. Состојбата е многу полоша во соседна Албанија.

 |  Татјана Маленкова  | 
Prespa
Преспа

Преспанското езеро не е запоставено само од Македонска страна. Состојбата е многу полоша во соседна Албанија.  

PrespaТаму се работи на создавање на услови за основи потреби. Сепак првиот човек на општина Пустец, Едмонд Темелко, се надева дека туризмот како гранка ќе заживее и кај нив.

Преспанското езеро од Албанска страна е запуштено.

„Во моментов кај нас, нема услови за развивање на туризам“, вели градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко.

Бараме бродска линија со која би го потикнале  развојот на туризмот, кој би бил во интерес на двете држави додава Темелко. Констатацијата дека преспанското езеро во однос на Охридското е доста запоставено, не ја крие и тој додава дека кај нив состојбата е многу полоша.

Темелко вели дека Пустец за неколку години го гледа како туристичко атрактивна дестинација. „Наша крајна цел е развивање на туризмот како гранка. Се залагаме во иднина да направиме се да привлечеме туристи затоа што само на ваков начин може да обезбедиме вработувања, користејки го она што го дала природата“, додава тој.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top