Еден месец како остатоците од стакло и метал и оголените кабли за електрична енергија зјапаат на тротоарот пред Мекдоналдс. Рекламното пано на фирмата ЛАЗОВ ГРУП, во близина на градскиот плоштад, веднаш до сендвичарата на Мекдоналдс, стои срушено, а никој од надлежните, не најде за сходно досега да интервенира. Во интерес на граѓаните, ТВМ Телевизија повторно се обиде да стапи во контакт со претставници од фирмата ЛАЗОВ Груп, кои овој пат не ни одговорија на повиците. Тие пред еден месец не информираа дека грижата за рекламните сити лајт паноа е нивна одгвороност и дека во најкраток можен рок ќе ги подигнат остатоците од рекламното пано, но веќе еден месец помина, а никој од оваа фирма не го стори она што е нивна обврска. Ни комуналните инспектори од градов, изгледа како да не знаат или се прават дека не знаат и негледаат што лежи по тротоарите во срцето на Охрид. Или можеби се слушнале со преставниците од ЛАЗОВ, па со заеднички сили ќе не изненадат.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град