Пререгистрација на невработени

Нов начин на евиденција на невработените лица. Од 21 декември годинава сите невработени лица се должни да се пререгистрираат и тоа во две групи, активно вработување и не активно. Целта е да се добие појасна и попрецизна слика за бројот на невработени кои активно бараат работа.

 |  Николоска Биљана  | 
vrabotuvanje
вработување

batkoskiКолкав е бројот на невработени кои активно бараат работа? Тоа ќе се утврди во наредниов период бидејќи заклучно со 21 декември годинава ќе се применуваат новите измени на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност кои стапија на сила на 22 септември 2012. Директорот на охридскиот Центар за вработување Јован Баткоски, вели дека измените се состојат во воведување на нов начин на евиденција на невработените лица.

„Агенцијата за вработување ќе воведе два нови регистри на невработени лица. Во првиот регистар ќе бидат вклучени невработените кои активно бараат  вработување. Тие лица најверојатно ќе треба да се пријавиуваат на секои 30 дена и ќе изработуваат индивидуален план за вработување. Во вториот регистар на невработени лица ќе бидат вклучени лицата кои нема да бараат активно вработување а ќе добиваат информации на нивно барање од пазарот на трудот и ќе бидат во евиденцијата на невработени во центарот за вработување– изјави Баткоски

Со примената на новите измени на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, сликата на невработени лица ќе биде попрецизна, убеден е Баткоски.

vrabotuvanje„Голем број од невработените лица се пријавуваат само за да имаат статус за невработеност за да добијат потврда за да ја искористата за свои потреби, цели и права на други места, а не заради тоа што активно бараат вработување“.– вели директорот.

Со новите измени на законот, не се постигнува релативизација на проблемот со невработеноста, напротив, тој сеуште е еден од најсериозниот економски и социјални проблем во државата, признава Баткоски. Моментално според последната статистика на Центарот за вработување, до крај на месец ноември годинава, вкупниот број на невработоени лица изнесува 8 600, од кои 7000 се со место на живеење во градот а останатите доаѓаат од руралните средини. Додека пак во поглед на структурата на невработените според квалификација, доминира бројот на невработени лица без или со ниска квалификација. Тој е околу 3 500 лица, што пак е проблем за нивно вклучување на пазарот на трудот, бидејќи најголемиот број работодавачи најчесто бараат квалифицирана работна сила. 2000 невработени се со средна стручна спрема, 1000 со висока и 35 магистри, информира Баткоски.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top