Продолжуваат препукувањата на релација Централна – локална власт

Овој пат поради приклучувањето на канлизационата мрежа кај село Лескоец.

 |  Тања Кувенџиска  | 
logo
лого

Од Локалната самоуправа ги демантираат обвинувањата на Агенцијата за регионални и магистрални патишта дека не го испратиле бараниот доказ со кој го подкрепуваат барањето за прекоп на регионалниот пат охрид- Битола за приклучување на канализационата мрежа во селото Лескоец. Апсурдно е ваквото барање на агенцијата чиј претставник уште пред новогодишните празници учествуваше во извршениот увид на лице место, велат од Локалната самоуправа.

Leskoec„На 11 декември 2008, екипа составена од претставници на Агенцијата за магистрални регионални патишта, од ЈП Македонија пат и Локалната самоуправа, изврши увид на лице место. Постои и фото- документација дека е наидено на цврст материјал и дека не може да се изврши бушење до крај“, вели Никола Манески од потпарол на Локална самоуправа- охрид.  

Инаку, службите на Локалната самоуправа за приклучок на канализационата мрежа во село Лескоец мораа да ги запрат започнатите градежни зафати поради немањето дозвола од агенцијата за регионални и магистрални патишта за прекоп на регионалниот пат охрид- Битола. Првичните одговори на агенцијата беа дека не даваат дозвола за прекоп затоа што со зафатот би се нарушила статиката на патот. Поради тоа предложија подземно дупчење, за кое Локалната самоуправа пак тврди дека е невозможно да се изведи поради постоењето на гранитна карпа. Агенцијата тврдеше дека Локалната не го испратила бараниот документ со кој се докажува постоењето на гранитната карпа.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top