Доколку се јави зголемена потреба од дополнителни капацитети за згрижување на пациенти со Ковид 19, би можеле да бидат искористени и останатите здравствени објекти на подрачјето на општина Охрид. Ова е еден од заклучоците на оптинскиот кризен штаб кој денеска на барање на градоначалникот одржа он лајн состанок.
Состојбата со здравствената криза со Ковид 19 во Охрид , членовите на општинскиот кризниот штаб засега ја отценуваат како стабилна. Општинскиот кризен штаб денеска на барање на градоначалникот Константин Георгиески одржа он-лајн состанок на кој беа донесени неколку заклучоци.
Доколку се јави зголемена потреба од хоспитализација на пациенти, покрај капацитетите наменети за третман на пациенти позитивни и суспектни на вирусот во Општа болница Охрид каде во тек е реорганизација за проширување на капацитетот, кризниот штаб смета дека би можеле да бидат искористени и останатите здравствени објекти на подрачјето на општината.
Кризниот штаб упатува препорака до сите компании, трговски, угостителски, сместувачки капацитети и сите останати работни организации, за максимално почитување на мерките за превенција од корона вирусот и навремено изолирање на сомнителни случаи помеѓу вработените. Се упатува препорака до матичните лекари на ниво на општината максимално да се вклучат во давање на препораки и соодветно третирање на пациентите по утврдените протоколи, како и во делот на давање на препораки за самоизолација.
Се апелира до граѓаните кои се во изолација да имаат поголемо трпение и да ги почитуваат мерките за превенција со цел да го заштитат здравјето на останатите граѓани. А жителите на Охрид и до туристите кои во текот на викендите го посетуваат градот, максимално да ги почитуваат сите мерки за заштита и превенција, да се носат заштитни маски, да се одржува потребна дистанца, да се одржува лична хигиена и да се врши дезинфекција.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град