Препораки до Единиците за ЛС од Кооринативното тело за управување со кризи

Кооринативното тело за управување со кризи, а поради информаците добиени од УХМР дека во наредните денови под влијание на серија влажни бранови од Медитеранот се очекува врнежи на дожд и над 40л/м2 упати препораки до Единиците за локална самоуправа, Градоначалниците, ДЗС, ЦУК, ЕВН, АРМ и МВР.

 |  Голабовски Крсте  | 
поплава

Кооринативното тело за управување со кризи, а поради информаците добиени од УХМР дека во наредните денови под влијание на серија влажни бранови од Медитеранот се очекува врнежи на дожд и над 40л/м2 упати препораки до Единиците за локална самоуправа, Градоначалниците, ДЗС, ЦУК, ЕВН, АРМ и МВР.
 
поплава-Градоначалниците да ги стават на готовност сите расположливи ресурси, градоначалниците да ги мобилизираат кризните штабови и во нив да ги вклучат, претставници од ЦУК, ДЗС и МВР, градоначалниците кои имаат потреба од дополнителна помош од технички ресурси да се обратат до Дирекцијата за заштита и спасување, градоначалниците да ги информираат месните заедници за најавената дестабилизација на временските услови, континуирано да се следи водостојот на реките, да се следи и нивото на акумулациите, стои во соопштението на Координативното тело.

Во него се посочува дека Локалните самоуправи треба да интервенира на мостови каде има опасност од задржување големи наноси од надојдените реки, а сите граѓани кои сметаат дека се загрозени да се обратат на бесплатниот број 195 на ЦУК. Припадниците на МВР и Министерството за одбрана да бидат подготвени за интервенција, а возачите навремено да се информираат за состојбата на патните правци од страна на АМСМ. Исто така се упатува и апел до месното население да помага и да се активира.
 
Надлежните институции ќе бидат во постојана координација и комуникација се со цел благовремено да се преземат превентивни мерки за избегнување од евентуални несакани последици.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top