Пренуркана албанската страна од Охридското Езеро

Меѓународниот нуркачки инструктор, Милутин Секулоски, заедно со неговите колеги од нуркачкиот центар Амфора и Енрик Мато од нуркачкиот клуб „Драгој“ од Поградец и официјално го пренурка албанскиот дел од Охридското Езеро.

 |  Мишел Наумоски  | 
nurkaci

Големиот потфат за пренуркување на Охридското Езеро полека се ближи кон својот крај. Меѓународниот нуркачки инструктор, Милутин Секулоски, заедно со неговите колеги од нуркачкиот центар Амфора и Енрик Мато од нуркачкиот клуб „Драгој“ од Поградец и официјално го пренурка албанскиот дел од Охридското Езеро или околу педесетина километри, со што останува уште една третина од неколку месечната мисија за пренуркување на вкупна должина од околу 80 километри водена површина. 

prenurkuvanje ezero„Денес и официјално влегуваме на територија на Република Македонија, албанскиот дел со нуркање го поминавме благодарение на генералниот спонзор „Пелистерка“, општина Охрид и Енрик Мато и нуркачкиот клуб „Драгој“ од Поградец. Се оди по онаа динамика предвидена по проектот и се надеваме дека до крајот на месец Мај ќе стигниме до градското пристаниште Охрид.“-вели Милутин Секулоски-меѓународен нуркачки инструктор.

Овој голем предизвик за пренуркување на Охридското Езеро, Секулоски, заедно со уште педесетина други нуркачи го започна токму од градското пристаниште на 28ми Февруари. Инаку, целта на овој потфат меѓу другото е и подводно фотографирање, снимање и позицинирање на места од интерес на научната јавност.

На крајот, овој голем проект, ќе финишира со една документарна емисија и изложба на подводни фотографии од пренуркувањето.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top