Преносната мрежа со која управува и оперира МЕПСО е целосно функционална и сите точки на прием на дистрибутивниот систем-оператор се снабдени со електрична енергија и се под напон.
Преносната мрежа со која управува и оперира МЕПСО е целосно функционална и сите точки на прием на дистрибутивниот систем-оператор се снабдени со електрична енергија и се под напон.
Националниот електропреносен систем функционира оптимално и сите над 50 трансформаторски станици приклучени на преносната мрежа се под напон и се снабдуваат со електрична енергија. Во целост ги отфрламе како невистинити шпекулациите дека МЕПСО денеска имал проблеми во снабдувањето со електрична енергија кои беа изнесени во некои од медиумите.
Стручните лица од МЕПСО максимално посветено и ангажирано управуваат со електропреносниот систем, а теренските екипи се во целост подготвени да интервенираат доколку се појави потреба за интервенција.
Во оваа прилика уште еднаш ќе повториме дека екипите на МЕПСО во зададениот рок вчера (вторник 29 декември 2014 година) ги ставија под напон двете електроенергетски постројки со кои Охрид е приклучен на електропреносниот систем на Република Македонија. При тоа планиранотот исклучување траеше од 14:15 часот до 17 часот.
Во текот на силното снежно невреме што ја зафати Република Македонија во неделата на 28 декември на преносната мрежа на МЕПСО имаше кратки прекини во два наврати и тоа само во охридскиот регион и во дебарско. И во двата случаи интервенираа теренските екипи на МЕПСО и ги отстранија настанатите дефекти.
Целиот колектив на МЕПСО е максимално посветен на одржување на оптимално ниво на доверливост и стабилност на електропреносниот систем.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град