Премиерот во Охрид

Денес во Охрид и Дебрца најавена е посета на премиерот Никола Груевски.

 |  Голабовски Крсте  | 
premier

premierДенес во Охрид и Дебрца најавена е посета на премиерот Никола Груевски.

Премиерот ќе присуствува на свеченото пуштање во употреба на реконструираниот водовод во селото Ботун, а ќе биде дел и од поставувањето на камен-темелник на колекторскиот систем во село Мешеишта. Груевски ќе го посети и селото Требеништа каде што ќе присуствува нa свеченото пуштање во употреба на реконструираното училиште и повеќенаменската балон сала.

Исто така Груевски заедно со градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, свечено ќе го пуштат во употреба кружниот тек на Булевар Туристичка и ул. Бистрица.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top