Премиерот Груевски во посета на ТИРЗ, Охрид – Струга

Претседателот на Владата на Р. Македонија, Никола Груевски и денес во поста на охридскиот регион. Беше на локалитетот на Плаошник, да погледне до каде се градежните активности кои се изведуваат таму, а ја посети и Технолошко индустриско развојната зона Охрид – Струга.

 |  Николоска Биљана  | 

Премиерот Никола Груевски верува дека специјалниот јавен обвинител ќе се избере според постигнатиот договор на четирите партии, односно до 15 ти септември.

„Мислам дека ако и другата страна е конструктивна како што сме и ние конструктивни во овој процес и ако се има добра волја и од другата страна дека ќе се завршат работите на време“ – истакна Груевски.

На новинарско прашање, дали за ВМРО- ДПМНЕ постојат црвени линии во политичките преговори со опозицијата преку кои нема да преминат по однос на договорот од 2 јуни, Груевски со кус одговор
 
„Нашите црвени линии се секогаш, Уставот, законите волјата на граѓаните“

Инаку премиерот Груевски, денеска ја продолжи посетата на охридскиот регион. Тој беше во обиколка на на местото каде треба да се гради технолошко индустриската развојна зона Охрид – Струга

„Во втората половина на месец август годинава ќе започнат подготвителните работи за градба на фабриката ОДЕВЕ електрик, која што веќе работи во Браунфилд инвестиција, односно во изнајмена веќе изградена просторија, но тука ќе ја започне својата градба на фабриката во втората половина на овој месец“ – нагласи Груевски.

Како што убедува премиерот Груевски во таа фабрика ќе има 1000 директни вработувања, плус индиректни вработувања, во компании кои ќе бидат кооперантни партнери, добавувачи и сл, на оваа голема германска фабрика која ќе произведува делови за автомобилската индустрија. Инаку на ТИРЗ зоната Владата веќе инвестирала 6 милиони евра за инфраструктура за да можат да се донесат компании кои ќе отвгорат нови работни места.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top