Премиера на филмот „Добредојде“

Филмот „Добредојде“ иако замислен како драма  навлегол во политички филм.

 |  Валентина Нелоска  | 
Filip Liore
Филип Лиоре

Фестивалот на Францускиот филм во Охрид ја донесе и првата проекција на годинешниот репертоар. Со симболичниот наслов „Добредојде“,  режисерот Филип Лиоре длабоко ја трогна филмската публика.

 

„Добредојде“ е прекрасен филм која има пораки за две љубовни приказни, едната  во замирање, а другата во зачеток која за жала нема да се круниса како што се очекува  и  третата која говори за емигрантите во Франција вели филмскиот критичар Ѓоко Симјаноски. „Филмот го опишува животот на емигрантите во Франција и како земјата се справува со овој проблем. Филмот ги отвара прашањата како Владата се справува со тој проблем и како реагираат Французите кон емигрантите, како едни им помагаат, а други не сакаат да ги видат. Во Франција според зборовите на Лиоре постои Закон кој ги казнува Французите доколку им помогнат на емигрантите и до 5 години затвор. Иако замислен како драма филмот запливал  во политички филм. “ објаснува Симјаноски.

otvaranjeВо денешната дебата со гледачите режисерот Филип Лиоре откри како го создал филмот „Добредојде“ кој ја разбранува светската јавност. Филмот е инспириран по вистински настан рече Лиоре. Иако тој сакаше да го избегна директниот одговор на прашањето која е неговата порака во филмот,  сепак даде индиректен одговор. „Филмот побуди многу реакции и допре до гледачите, ги трогна и ако тие реакции доведат да се измени Законот јас сум за тоа рече Лиоре и нагласи дека тој е само режисер“.

Вечерва на програмата во 19 часот е филмот за најмладите „Децата на Тимпелбак“ во режија на Никола Бари, а  во 21. 30 часот е проекцијата на филмот „Невестинска песна“ на режисерката Карин Албу. Проекцијата на  филмовите е во присуство на обата режисери.   

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top