Премиера на детската театарска претстава „Пат околу светот“

После пауза од една година поради технички проблеми, директорот Горан Стојаноски, најавува збогатување на репертоарот, копродукции и гостувања на театри од Македонија.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

Приказната за имагинарните патешествија на група деца околу светот, насловена како „Пат околу светот“, претставена преку  тетарската игра на актерите на Охридскиот Народен Театар, а во режија на Драгана Таневска, започнува промоцијата на терминот кој Охридскиот театар, ќе им го посвети на најмладите. Драгана Танеска, режисер на претставата истакна дека ова е една несекојдневна приказна за која секое дете мечтае, а тоа е барем за миг со својата фантазија да отпатува далеку и да го види светот.

актери„Нашата претстава „Пат околу светот“ е патување низ детската имагинација и фантазија. Патување кое не е класично, нема пакување, билети и граници туку само има желба на децата да се посети некоја земја во која тие ќе научат дел од културата навиките од тие луѓе со цел да го збогатат свето искуство и да го пренесат на другите деца“ објаснува Танеска.

Инволвираните во процесот на создавање на претставата објаснуваат дека естетиката на оваа претстава е визуелно многу богата, изобилува со светлосни ефекти и нуди интерактивна игра со публиката. Ќе биде поставена во малата сала на центарот за култура па така малата дистанца која постои во овој простор ќе овозможи децата на еден начин да се впуштени и инволвирани во самата актерска игра, вели актерот  Павел Маслов.

„Принципот на детските претстави како што е случајот и со оваа е да има интеракција со децата.Од време на време да бидат прашани, да бидат вклучени во самиот процес на игра, со што дирекно се вклучени во самиот продукт. Тоа што го спомна Горан, на еден поинаков начин да бидат дирекно вклучени и да се запознаат што значи тетатар и како се комуницира на еден поинаков начин.Вербална и невербална комуникација, тоа се основите на театарската игра“ додава Маслов.

reziser direktor i akterГоран Стојаноски, директорот на Народниот театар во Охрид кажа дека покрај претставите за деца, во средината на месец октомври во новите простории ќе започне програмата за работа со деца и млади во процес ориентирани проекти преку театарски работилници, со лица актери обучени во областа на театар во едукација и драма. Додаде дека кон крајот на идниот месец исто така треба да бидат готови новите простории и дека конечно се надмината проблемите со кои оваа културна институција се соочуваше една година.

„Проблемите се надминати.Имаше технички проблеми јас неколку пати за медиумите спомнав, за пробемите кои настанаа во институцијата но сега фала Богу имаме нова техничка екипа од 11 члена имаме реновирање на простории кои ќе ги задоволат сите потребни услови за да оваа институции работи зошто имаме и театар и многу други активности кои се заеднички, така да сета таа внатрешна организација си доби основа и почеток за структурално внатрешно работење па така колосекот е на вистинска линија“ потенцира директорот Стојаноски..

Детската претстава „Пат околу светот“ утре во 18 часот ќе ја доживее својата претпремиера бесплатно за сите охриѓанчиња, додека премиерата е закажана за недела во 12 часот, во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“. Во месец окотмври пак, по повод месецот на дететето театарот во сороаботка со училиштата во градот ќе је изведува претставата „Пат околу светот“ на својата матична сцена.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top