Премиерот Груевски дециден, нема предвремени парламентарни избори

На вчерашната промоција на програмата на кандидатот за градоначалник на Охрид, премиерот рече дека излегувањето од собранието на опозиционерите е само алиби за спас од престојните локални избори.

 |  Мишел Наумоски  | 
Gruevski
Груевски

„Ако Бранко сака избори и ако сака мерења на довербата, има мегдан и тоа многу брзо.“

Gruevski govorВака порача премиерот Никола Груевски на вчерашната промоција на нивната програма за настап на престојните локални избори.

Груевски го обвини лидерот на социјал-демократите, Бранко Црвенковски дека исценирал инцидент со кој опозицијата би добила алиби за спас од локалните избори.

Премиерот уште еднаш дециден околу барањето на опозицијата за предвремени парламентарни избори кои би се одржале заедно со локалните.

„Утре ќе сме кажеле ќе има предвремени избори, прифаќаме. Јас не знам дали човекот мисли дека може да ги вози, да ги шиша како овци неговите коалициони партнери, меѓутоа најверојатно во минатото такви работи со некој му успевале, не знам дали со нив или со некој друг му успевале, но си пробува да го направи и тоа. Еве јас од тука ќе им порачам дека ни утре, ни задутре, ни во сабота, ни во недела, ни во понеделник договор за предвремени избори со Бранко нема да има.“-рече премиерот на Република Македонија, Никола Груевски.

avto protestНа презентацијата на програмата на кандидатот за градоначалник, д-р Никола Бакрачески, премиерот ги повика охриѓани на 24 март масовно да излезат на избори и да го дадат гласот за кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, кој, како што рече, ќе донесе позитивни промени во Охрид.

Непосредно пред излагањето на премиерот во Центарот за култура, низ улиците на Охрид се одржа  протест со автомобили на здружената опозција.

Долгата колона возила со своите сирени го поздравија , премиерот, а на граѓанскиот парламент, здружената опоцизија порача дека избори без неа нема да има.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top