Преку преквалификување до нови вработувања

Дефицитарната струка, келнер-гастроном ќе добие квалитативна инјекција. Невработени лица до 27 годишна возраст поминаа четиримесечна обука по која се стекнаа со титулата келнер-гастроном. Овој проект е насочен кон намалување на невработеноста и преквалификување на работната сила кон дефицитарните занимања.

 |  Мишел Наумоски  | 
profesija kelner
професија келнер

OSU Vanco PitoseskiУгостителската струка, келнер-гастроном ќе добие нов бран на стручно подготвени лица. Четиримесечната обука заврши токму денес, со што лицата кои успешно ќе ја поминат проверката, ќе се стекнат со титулата келнер-гастроном. Оваа обука е дел од заедничкиот проект на Владата на Република Македонија, Агенцијата за вработување и Центарот за средно стручно образование и обука, додека како реализатори на овој проект се јавуваат училиштата.

„Ние како угостителско туристичко училиште од Охрид изготвивме програма за профилот келнер-гастроном бидејќи немаше таква програма. Таа програма беше прифатена од Министерството, верифицирана, со што ние веќе се стекнавме со право да вршиме таква обука. Програмата траеше 4 месеци, од кои што 3 месеци во нашето училиште и 1 месец кај работодавачите, во туристичките објекти.“-рече Секула Баткоски-Директор на О.У.Т.У Ванчо Питошески-Охрид

profesija kelnerДиректорот Баткоски како позитивна страна на овој проект ја истакна таа што некои од невработените лица за време на обуката веќе пронашле работа.

„Ова е проект за обука на дефицитарни занимања од областа на угостителството. Целна група на овој проект беа невработените лица од 27 години и во овој проект беа вклучени околу 12 лица кои успешно го завршија проектот.“-вели Пецо Павловски-Советник на пазар за труд при Агенција за вработување

„Доделувањето на овој проект во рацете на Средното угостителско туристичко училиште пред се се темели на квалитетот на програмата и можностите за стекнување на компетенции на оние кои ќе ја завршат обуката.“-вели Чедомир Димовски од Центарот за стручно образование и обука.

profesija kelner„Ова е активна мерка за намалување на невработеноста на Владата на Република Македонија. Училиштата аплицираа со свои програми за обука. Центарот врз база на тие апликации ги оценуваше програмите и ги одобруваше на некој начин за реализација.“-рече Чедомир Димовски-Центар за стручно образование и обука

Денешното тестирање и проверка на знаењата ќе го врши посебна комисија која ќе одлучува колку успешно новопечените работни кадри ја завршиле својата обука, со што и официјално ќе се најдат на пазарот на труд под титулата келнер-гастроном.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top