Преку Охрид, Македонија ќе бара влезе во ЕУ

Ова е паролата на градоначалникот  Петрески која неколкупати ја има кажано во неговите изјави.

Aleksandra Petreski
Александар Петрески

Ова е паролата на градоначалникот  Петрески која неколкупати ја има кажано во неговите изјави. Очигледно на тоа работи со полна пареа бидејќи после Лугано, Петрески во Брисел.  

OhridНа 7ми декември во Брисел, со свој штанд на ЕУ-саемот ќе се претстави Охрид. Ова претставува манифестација на која позначајните градови од европското семејство се претставуваат со своите потенцијали и достигања во сверата на нивниот развој. Охрид е единствениот град во Македонија кој настапува со своја презентација на ваков значаен самит. Благодарение на континуираното лобирање од страна на градоначалникот Петрески меѓу ЕУ претставници во повеќе земји, остварена е оваа привилегија за претставување во седиштето на ЕУ. „Ете јас со моите контакти кои ги имам успеав да овозможам токму Охрид да се претстави. Сметам дека Македонија треба да се претстави со најдоброто, а тоа во случајов е Охрид. Ова е многу важен оериод за Охрид и Македонија бид токму тогаш очекуваме позитивен исход од преговорите за влез во ЕУ“, истакна Петрески.

Никој од државните институции нема покажано интерес да биде присутен на средбата во Брисел. Сепак Петрески смета дека со својата делегација достојно ќе го претстави и градот и Македонија воопшто. „Од Охрид одиме заедно со туристички работници, претставници на ХОТАМ, претставници од факултетот за туризам и сметам дека достојно ќе се претставиме. Тие неколку денови таму ќе се зборува за Охрид и Македонија“, вели тој.
Презентирањето на Охрид во Брисел за време на ЕУ самитот ќе биде покриено со промотивни материјали, фотографии и предмети од богатото и културно – историско наследство. Треба да се има во предвид дека оваа привилегија е вистинска реткост во деновите кога се одлучува за едно многу важно прашање за иднината на државата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top