„Преку езерото“, проект за унапредување на интеркултурниот дијалог

Претставници од културни, образовни институции, медиуми, граѓански здруженија добија увид во проектот кој треба да го унапредува интеркултурниот дијалог во Охрид и соседски Поградец.

 |  Мишел Наумоски  | 
preku ezeroto
преку езерото

Активностите од проектот „Преку езерото“ на Младинскиот совет од Охрид земаат свој облик. Овој проект за изработка на интеркултурна стратегија за општините Охрид и Поградец, денес резултираше со средба помеѓу институциите и организациите кои потенцијално би биле учесници во неговото спроведување. На денешната средба претходеше формирањето на двете работни групи составени од средношколци, и студенти обучени на разни теми корисни за реализацијата на овој проект.

sostanok organizacii„Тие две групи подготвија база, односно листа на потенцијални организации и институции кои ќе бидат вклучени во процесот и врз основа на таа листа ние денеска го свикавме состанокот на кој што поканивме претставници на основните училишта, на факултетите, на културните институции, локалната самоуправа, медиумите, здруженијата на граѓани, здруженијата на припадниците на етничките заедници, со цел да го презентираме проектот и да ги презентираме чекорите кои што ги планираме понатаму, па врз основа на она кој ќе прифати да биде во таа коалиција ќе продолжат понатамошните чекори кои што се планирани.“-вели Димче Каневче од Младинскиот совет од Охрид.

Како понатамошна активност, Каневче најави едно поголемо истражување околу начинот на кој се одвива интеркултурниот дијалог во Република Македонија, а особено во Охрид, како би се согледале потребите и проблемите во однос на оваа тема.

Pogradec„На наредните активности кои што ќе ги имаме, форумите, јавните расправи, ќе се обидеме да ги одредиме стратешките интервенции, целите и приоритетите за работа па се надевам дека од нив ќе произлезат тие активности кои понатаму ќе влезат во документот. Се надеваме дека во период од два месеци ќе успееме да го изготвиме документот и истиот од овој состав ќе биде изгласан како официјален документ на општината, а секако истото ќе се одвива и во Република Албанија, во Поградец, затоа што планираме дел од активностите да бидат реализирани заедно и во Македонија и во Албанија, со исти карактеристики, со иста цел.“-рече Каневче.

Инаку проектот „Преку езерото“ е насочен кон запознавање на младите со основните значења на поимите култура, интеркултура и мултикултура, запознавање со концептите на правната држава и владеењето на правото, демократијата и човековите права, но и во насока на надминување на стереотипите и предрасудите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top