Преку енергетска ефикасност, до заштеди во општинските буџети

Министерството за локална самоуправа ќе ги упатува општините до најповолните начини за финансирање на проектите за енергетска ефикасност.

 |  Мишел Наумоски  | 
energetska efikasnost
енергетска ефикасност

Како до енергетска ефикасност во општините низ државава? Прифаќањето на овој концепт во функционирањето на општините, за резултат треба да  има огромни заштеди во општинските буџети. Овие средства понатаму би можеле да се искористат за финансирање на други сектори кои се од значење за граѓаните, од изградба на канализации, до водоводи и локални патишта.

Sasho Stefanovski Min.za lokalnaМинистерството за локална самоуправа, преку Комисијата за меѓуопштинска соработка и Директорите на осумте центри за развој, ќе ги насочува општините до најповолните начини за финансирање на проекти кои се енергетски ефикасни.

„Ние се одлучивме да направиме една работилница на која на Центрите за развој, практично и Комисијата за меѓуопштинска соработка ќе укажеме какви параметри и приоритети треба да зацртаат за наредниот период. Од оваа средба ќе произлезе понатака можеби еден мал документ со кој на општините ќе им укажеме какви се можностите за финансирање на енергетската ефикасност односно од  каде може да обезбедат средства за да го спроведат тоа.“-вели генералниот секретар при Министерството за локална самоуправа, Сашо Стефановски.

Стефановски вели дека првенствено целта е да се унапреди ефикасноста во уличното осветлување каде проценките говорат дека заштедите би изнесувале околу 40%. Средствата за ваквите проекти можат да се обезбедат или од општинските буџети, или преку склучување јавни-приватни партнерства или преку искористување на кредитните линии од странски банки кои се наменети за вакви проекти. Европските фондови од втората компонента на ИПА, нудат големи можности за финансирање на енергетската ефикасност, но за да се дојде до нив треба да се исполнат одредени услови.

energetska efikasnost„Нема никаква дискриминација по однос за која општина се работи, впрочем не се оценуваат општините, туку се оценуваат доставените проекти. Оние општини коишто биле доволно паметни да ги најдат вистинските луѓе кои знаат да напишат вистински проект кој ќе значи вистински развој на градот или вистинско искористување на тие средства кои што ги бараат, ги добиваат тие средства. Апсолутно нема дискриминација во однос на тоа, уште повеќе затоа што и оценувачите на тие проекти се мониторирани од страна на делегацијата на ЕУ во Република Македонија.“-рече Стефановски.

Стефановски додава дека најголемиот дел од досега поднесените проекти се однесуваат на реконструирање и реновирање на училишта, културни установи, унапредување на животната средина, создавање на нови можности за туризам во руралните средини. Тука се придодава и опцијата да општините кои имаат слични карактеристики условно си позајмуваат меѓусебе проекти кои се енергетски ефикасни што е всушност и целта на меѓуопштинската соработка.

Рака на срце, нашата општина најави спроведување на проект за замена на уличните светилки со енергетски поштедливи, но мора и да се напомене дека ова е само мал дел од можностите кои ги нудат европските фондови.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top