Голем е бројот на граѓани кои го прекршуваат законот за јавна чистота сечејќи дрва на јавна површина, правејќи ајвар пред зграда, фрлајќи отпадоци на улица, продавајќи зеленчук на импровизирани тезги. Но,
Голем е бројот на граѓани кои го прекршуваат законот за јавна чистота сечејќи дрва на јавна површина, правејќи ајвар пред зграда, фрлајќи отпадоци на улица, продавајќи зеленчук на импровизирани тезги. Но, само мал дел од нив, најбаксузните заработиле казна за тоа. 56 260 ден. се наплатени годинава од страна на Општинскиот комунален инспекторат како глоба за непочитување на Законот за јавна чистота. Овој закон кој се донесе пред четири години граѓаните многу не го почитуваат, вели раководителот на Општинскиот комунален инспекторат, Танас Танасоски. Оваа сума не е реална додава Танасоски бидејќи најголемиот дел од прекршителите на законот се одлучуваат наместо да плаќаат глоба да вршат општокорисна работа во траење од најмалку 24 работни часа.
Надлежни лица за контрола и инспекциски надзор на спроведувањето на законот се униформиран полициски службеник, државен комунален инспектор, општински комунален инспектор и комунален редар. Во нашава општина ангажирани се 5 комунални инспектори кои досега направиле 95 записници од кои се изготвени 52 решенија за отстранување на неправилно поставени тезги. Изречени се 57 мандатни тужби односно платни налози.
Инаку, овој закон е многу опсежен и опфаќа голем број сегменти кои придонесуваат за зголемување на јавната чистота. На санкции подлежат и правните и физичките лица кои ќе го прекршат. Граѓаните кои ќе го прекршат Законот за јавна чистота ќе платат казна во висина од 50 евра во денарска противвредност. Интересни се и измените на овој закон кои се во процедура со кои граѓанинот кој ќе го прекрши законот а место да плати парична казна ќе се реши за општокорисна работа, ќе биде фотографиран пред и по завршувањето на работата. Фотографиите јавното претпријатие или правното лице каде се врши општокорисната работа ќе ги чува најмалку една година од извршувањето на истата. Тоа е практика во странство а очигледно пополека треба и ние да се навикнуваме.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град