ЈП Охридски комуналец денеска спроведе акција за чистење на истиот. Градоначалникот кој присуствуваше на чинот на чистењето обвини дека министрите се ангажираат само тогаш кога треба да се издадат одредени плажи под концесија.
ЈП Охридски комуналец, денеска спроведе акција за чистење на водите на Охридското езеро од цврст отпад. „Само во утриснките часови беа подигнати 20 кубици на отпад кој во текот на вчерашниот ден го исфрли езерото на самото крајбрежје, истакна директорот на ЈП Сашо Алче..
За градоначалниот Александар Петревски, државата наместо да се фали колку пари потрошила за не толку значајни работи треба многу повеќе да се ангажира во заштита на езерото, затоа што со него стопанисува владата и министрствата за транспорт и врски и животна средина, рече Петрески.Тој уште еднаш укажа дека најдобро е владата или да се информира што е најпритетно за Охрид или ингеренциите за езрото да му ги препушти на локалната самоуправа.
Петрески апелираше до владата нареднава година да превземе конкретни мерки оолку одржувањето на чистотата на езерото, бидеки кко што нашомене тоа е национално богатство, кое не им припаѓа само на Охриѓани туку на сите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град