ПРЕДВРЕМЕ ЗАВРШИ АКЦИЈАТА „ЦВЕТНИ БАЛКОНИ-ЦВЕТЕН ОХРИД“

Иако беше предвидено да трае два дена, поради големиот интерес, акцијата „Цветни Балкони-Цветен Охрид“ започна и заврши денес. Како што беше најавено, поделени се 400 жардиниери со цвеќе за жители од повеќе улици во Охрид.

 |   | 

Поради огромниот интерес, акцијата „Цветни балкони-Цветен Охрид“ што традиционално ја организира Општина Охрид по повод 5- јуни , Светскиот ден на животната средина започна и заврши денес, а беше предвидено да трае два дена.

Предвидените 400 жардиниери со саксиско цвеќе за кратко време беа поделени на жителите од улиците: „Момчило Јорданоски“, „Александар Гушо“, „Трајче Дојчиноски“, „1-ви Мај “, „Вангел Николоски“, „Дебарца“, „Марко Цепенков“ од пресекот кај Стобекс до кружниот тек кај болницата, населба „Рача“, населба Горно и Долно Коњско и с. Пештани.

Проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“ се реализираше во расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top