Гимназијалците со полна пареа го подготвуваат настанот на годината. Предновогодишниот концерт кој оваа година е наречен Филмовиозија на охриѓани ќе им овозможи двочасовно максимално уживање во нумерите од дваесеттина познати филмови, но и во кореографии во изведба на учениците. Концертот има хуманитарен карактер.
Предновогодишна филмовизија. Седумдесеттина гимназијалци се вклучени во подготовката на настанот на годината. Предновогодишниот концерт кој станува веќе традиција ги сплоти учениците од прва до четврта година во една прекрасна приказна проткаена со звуците од нумерите на познати домашни и странски филмови. Концертот целосно е во организација на гимназијата Св. „Климент Охридски“, а изведувачите со многу љубов и ентузијазам ќе покажат најдобро што знаат и умеат.
Јас учествував и лани на овај концерт и можам да кажам дека тоа е едно феноменално чуство, тоа дружење кое не спојува сите. И затоа тој концерт секоја година е се поквалитетен. Ние како матуранти сме и најбројни во годинешната програма и затоа сме фокусирани да го направиме најдобро што можеме, внимаваме на секој детал, а со тоа ги докажуваме нашите способности, вели матурантот Лео Спасески.
За овој концерт учениците се подготвувале уште од самиот почеток на учебната година. Вклучени се 40 музичари, дваесеттина имаат свои кореографии, а десеттина деца ќе помагаат околу техниката и ќе бидат водители на овој предновогодишен концерт. Ќе бидат изведени дваесет нумери од филмови со најразличен жанр.
Ова е настан што ги зближуват младите. Сите седумдесет учесници кои се на концертов сите заедно напорно работиме. Сето тоа го работиме со љубов и наоѓаме време за све, вели Филип Неделкоски.
Главниот иницијатор и ментор на овој настан е професорот Стефан Каневче. Тој со уште неколку свои колеги пред осум години дошле на идеа сето она што гимназијалците го имаат како потенцијал и како талент да го покажат на еден ваков концерт. Започнале скромно, но од година во година овој настан обединува се поголем број ученици и добива се повеќе на квалитет. Најважната компонента во целата приказна е што концертот е хуманитарен и е од децата за децата.
Средствата одат во хумани цели. Ги наменуваме за деца кои се ученици во гимназијата, а чии родители се со помали примања па не можат да им овозможат да одат на екскурзијата во третта гогина или на онаа матурската која се организира во четврта, вели Каневче.
Билетите за концертот предновогодишна Филмовизија, кој ќе се одржи во понеделник во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот, веќе се во продажба. Можат да се купат во гимназијата или пред самиот почеток на овој хепенинг. Чинат само 100ден., а со купениот билет секој добива можност да ужива во еден прекрасен настан и да направи хумано дело.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град