Предлог програмата готова, селекторите чекаат пари

Министерот за култура Елизабета Канческа Милеска по четири месеци размислување пресече ќе постави директор на Фестивалот Охридско лето. Со вчерашната изјава таа ја реши дилемата околу конкурсот за поставување на директор на Фестивалот Охридско лето, нема да има повторен оглас  за оваа функција, која засега ја обавува  в.д. директорот Васил Зороски.

 |  Валентина Неловска  | 
NU Ohridsko leto
НУ Охридско лето

И додека министерот го  објави името на новиот директор на Фестивалот, подготовките околу неговата подготовка течат непречено, изјавува за ТВМ, неговиот музички селектор Гордана Јосифоска Неделкоска. „Предлог програмата е готова, сега чекаме од дирекцијата на Фестивалот на селекторите да им се даде буџет со кој ќе располагаме. Од буџетот зависи и со кои имиња ќе преговараме за  настап на фетсивалот.  Преговорите со големите музички имиња се долгорочен процес, тие не се добиваат од денес за утре“, вели Јосифоска.  
Инаку, Фестивалот Охридско лето е со долгогодишна традиција и минатата година го одбележа јубилејот 5 децении постоење. Фестивалот го финансира Министерството за култура на Република Македонија и спонзори, од кои дел припаѓаат на Клубот на пријатели на Фестивалот. Од 1994 год. Фестивалот е редовен член на Европската асоцијација на Фестивалите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top