Предлог-одлуката за измена на статутот на ЈП „Нискоградба“ во однос на условите кои треба да ги исполнува директорот на претпријатието, предизвика негодување кај советниците од ВМРО ДПМНЕ. Тие сметаат дека постапките за јавни претпријатија се регулирани со Законот и дека Управниот одбор на ЈП „Нискоградба“ не може да ја менува. Од СДСМ објаснија дека само се врши изедначување на Статутот на „Нискогардба“ со оние на останатите јавни претпријатија.
Предлог-одлуката за измена на статутот на ЈП „Нискоградба“ во однос на условите кои треба да ги исполнува директорот на претпријатието, причина за дебата помеѓу советниците од ВМРО ДПМНЕ И СДСМ на денешната седница на градскиот совет. Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков рече дека постапките за јавни претпријатија се регулирани со Законот. Управниот одбор на ЈП „Нискоградба“ е невозможно да интервенира и да врши своеволно измени во статутот, додава тој. Координаторот на советниците од СДСМ, Константин Георгиевски, пак појасни дека се менуваат само општите одредби во Статутот во однос на квалификациите.Одлуката која е донесена на 04.11 2013 годинаи во која стои дека за директор може да се именува лице кое покрај општите услови предвидени во закон треба да има и посебни услови – високо образование, стекнати 300 кредити спорет ЕКТС, се менува.
Ние ја менуваме таа одлука само и тие 300 кредити ги враќаме на 240 кредити, додека условите во однос на јазикот се дефинираат во огласот доколку има такви лица, објаснува Константин Георгиевски, координаторот на советничката група на СДСМ.
Ова го потврди и градоначалникот Јован Стојаноски, кој кажа дека Статутот на Нискогардба бил различен од оние на останатите јавни претпријатија и сега се прилагодува кон законските одредби.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град