Советниците одлучија – Ќе се формира одбор за организирање настани и активности за бродската несреќа.
Овој одбор ќе биде во координација со општините од Бугарија од каде се жртвите, но и со здружението „Охрид 5 ти септември“.
Советниците на денешната 7 седница едногласно ја прифатија предлог одлуката за формирање одбор за организирање настани и активности за бродската несреќа. „Убеден сум дека е добро да се формира ваков одбор. Предлагам, во него да има претставници од сите советнички групи“, истакна градоначалникот Александар Петрески.
„Овој одбор ќе има задача, на достоинствен начин да ги споменува починатите“, рече советникот од ВМРО НП Јоне Станкоски.
На денешната седница советниците едногласно извршија измени на членовите на комисиите во кои членуваше сега веќе екс советникот Бранислав Трпчевски, а на негово место беа изгласани други челенови од советот. Советниците ги прифатија извештаите за работата на основните и средни училишта во минатата учебна година односно програмите за работа во оваа учебна година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град