Од денес, во Секторот за урбанизам и заштита на животната средина при локалната самоуправа, ставен на увид предлог акционен план и програма за управување со бучавата во Охрид. Граѓаните своите забелешки и сугестии по ова прашање ќе можат да ги доставуваат до 21 Јануари идната година, а јавната расправа по истиот план ќе се одржи на 25-ти Јануари.
Еден од главните проблеми со кои се соочува општина Охрид , градот Охрид , а особено стариот дел од Градот е зголемено ниво на бучава .Илјадниците гости, зголемената фрекфенција на возила, забавните и рекреативните активности кои ги нуди Градот и угостителските објекти, градската врева, генерираат ниво на бучава која претставува сериозна закана за животната средина и здравјето на луѓето.
За Општина Охрид , која претендира да развива интензивен туризам и која интегрира простори ставени под строг режим на заштита (Охридското езеро, дел од Националниот Парк Галичица), императив е превземање за надминување на проблемите поврзани со зголеменото ниво на бучава.
Имајќи ги во вид горенаведените факти и недостаток на податоци од мониторинг на бучава, а со цел да се утврдат главните извори и состојбата со бучавата во Општината и да се превземат соодветни мерки за управување со истата , во отсуство на стратешка карта, како почетен чекор во однос на управувањето со бучавата ,општина Охрид согласно “Законот за заштита од бучава во животната средина “(Сл.весник на РМ бр.79/07) пристапи кон изработи “АКЦИОНЕН ПЛАН И ПРОГРАМА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БУЧАВАТА ВО ОПШТИНА ОХРИД“.
ПРЕДЛОГ “АКЦИОНЕН ПЛАН И ПРОГРАМА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БУЧАВАТА ВО ОПШТИНА ОХРИД ќе биде достапен на увид на јавноста секој работен ден од 08 до 16 часот во просториите на Општина Охрид соба бр. 56 Сектор за урбанизам и заштита на животната средина, заклучно со 21 01. 2011г., а јавната расправа по истиот план ќе се одржи на 25.01.2011г. во 11часот во малата сала на Општина Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град