Се празнува Православна Нова Година

Православна Нова година или уште позната и како Василица се празнува на 14 јануари. Православните верници на овој датум го слават споменот на Свети Василиј Велики.

 |  Валентина Неловска  | 
Vasilica
Василица

VasilicaПравославна Нова година или уште позната и како Василица се празнува на 14 јануари. Православните верници на овој датум го слават споменот на Свети Василиј Велики. Според преданијата Василиј сакајќи да им го олесни животот на христијаните  им разделил погачи во кои имало паричка за да можат да  купат храна и да ја дочекаат Православна Нова година. Се верува дека од овој гест на Василиј произлегува и обичајот до ден денес на овој ден да се прави пита со паричка. Се верува дека тој што ќе ја најде паричката, во текот на целата година ќе го прати здравје, среќа и успех. Тој ќе биде  и новиот кум за престојната  година.
Василичарските обичаи се спој на паганското и модерното живеење. Во многу наши краеви се организираат карневали. Секако, најпознат меѓу нив е  вевчанскиот карневал, со кој на симболичен начин со маски преку пародија се критикува секојдневната реалност. Исто така, со годините кои изминуваат, на значење добива и курајчкиот карневал. Според обичаите кои овој ден го прават посебен вечерта на 13 јануари се палат огнови. Сите се собираат наоколу па во весела атмосфера со песна се дочекува Православната нова година.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top