Празнична донаторска еуфорија во Охрид

Денес хуманоста допре до детското одделение при Општата болница од Охрид и детската градинка „Јасна Ристеска“, како и геријатриското одделение при Општата болница.

 |  Мишел Наумоски  | 
gradinka igracki
градинка играчки

Вистинска празнична донаторска еуфорија го зафати нашиот град. И денес продолжија хуманите активности, а тоа искрено го почувствуваа најмалите охриѓанчиња. Охридскиот бизнисмен, Љупчо Настоски, уште еднаш ја покажа својата хуманост.

gradinka zabavaОвој пат донираше во детското одделение при Општата болница во Охрид.

„Донираме за детското одделение, тоа што им е потребно. Не ми е прва донација, детсково одделение имаше потреба од пижами и од постелнини. Хуманоста е доблест за секој човек, а оваа идеја се роди баш на христијанскиот празник Свети Никола каде бев со дел од вработените во детското одделение при Општата болница Охрид. Така да ми ја дадоа тие идејата за тоа што недостига во детското одделение. Затоа со моето семејство одлучивме да донираме пижами и постелнини.“-рече охридскиот бизнисмен, Љупчо Настоски.

deca gradinkaУште еден наш сограѓанин одлучи празниците да ги направи поубави токму за најмалите. Нашиот познат музичар, Боби Мојсоски ги израдува дечињата од централната детска градинка „Јасна Ристеска“.

„Јас имав многу среќно детство, можам да кажам дека ете со играчи, не само преку игра, децата се едуцираат, децата се нашата иднина и мислам на еден начин со тоа што им ги подарив играчките за Нова Година, не само што ги направив посреќни, туку на еден начин можам да кажам дека се чувствувам поубаво со тоа што придонесов тие да бидат среќни.“-вели музичарот Боби Мојсоски.

Директората на градинката „Јасна Ристеска“, Розе Костеска, вели дека дечињата најдобро знаат да го ценат искрениот гест.

ucenici gerijatrija„Играчките ќе ги користат за гиарње, за дружење меѓусебе за социјализација. Голема благодарност до Боби. Мислам дека со овој гест што го направи, даде дел од себе. Штом еден човек ги подарува сопствените играчки, значи го дава своето детство, го споделува со другите деца, со помладите генерации. Се надевам дека со овој гест тој си освои публика за понатаму.“-изјави директорката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, Розе Костеска.

Инаку покрај донираните играчки за занималните во детската градинка, Боби дечињата ги забавуваше и со она што најдобро го прави, пеењето. Децата беа воодушевени, пееја заедно со него, а некои од овие млади џентлмени ја искористија можноста за еден симпатичен детски танц.

Но не само постарите за најмалите, туку и најмалите денес ја покажаа својата грижа кон постарите. Основците од „Григор Прличев“ ги посетија старите лица во геријатриското одделение при Општата болница од Охрид. Со кошнички полни со овошје, сокчиња, новогодишни честитки, песна и дружба, им го разубавија денот и овој празничен период на старите лица. Најважно од се, тие им посакаа добро здравје и долг живот.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top