Празничен, божиќен дух со детскиот хор „Распеано ѓерданче“

Наташа Бирачоска и Теодора Настоска се дел детскота  хорче „Распеано ѓерданче “.

 |  Валентина Неловска  | 

Тие заедно со своите другарчиња на Божик, на пладне, на градскиот плоштад  ќе настапат со музичка програма, со која ќе го опејуваат Христовото раѓање. Децата со радост го очекуваат овој ден кога ќе настапат со веселите песнички.

Автор на божиќните песни кои ќе ги исполнува детскиот хор е Методија Баркоски Менде. Композиторот и музичар ја објаснува и  целта на оваа музичка програма и желбата  да направат празнична атмосфера пред посетителите на Охрид,за да видат дека и во нашиот град се случува нешто убаво.
Намерата  со хорот „Распеано ѓерданче“ ни е да настапуваме и во иднина, и по многу други поводи вели Баракоски. Додава дека планираат да настапуваат  и  траат со години, следејќи го примерот со детскиот хор Златно славејче од општина Карпош. Баракоски  упати и апел до градоначалникот Александар Петрески за поддршка на детскиот хор.   
Детскиот хор „Распеано ѓерданче“ брои 22 деца, кои на 7 јануари ќе настапат со полчасовна музичка програма. На хорот ќе му се придружат  и двете млади,  надежни пејачки  Миланка Новеска и Стефани Дудиќ најавува Методија Баракоски –Менде.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top