Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се огласија со итна пресс конференција

Тие прашуваат кој ќе ќари од оваа одлука, граѓаните или градоначалникот.

 |  Лионела Јаковлева  | 
zname VMRO
zname VMRO

Тие прашуваат кој ќе ќари од оваа одлука, граѓаните или градоначалникот.

Тројцата охридски пратеници од Вмро Дпмне експресно се собраа за пред новинарите да го искажат својот револт во врска со донесувањето на ДУП за дел од месноста „Бејбунар“. Цветко Грозданов вели дека по ваквата одлука ќе следуваат кривични пријави против градоначалникот и советниците кои го изгласале предлогот, а решението ќе биде обжалено и поништено од уставен суд. Тој прашува, кој ќе ќари од оваа одлука, граѓаните или градоначалникот.

Dimovski,Grozdanov,KrstevskaГрозданов вели дека минатата година советот донесол само 4 ДУП, а годинава дури 42. Тој потенцира дека во секторот за урбанизам владее тотален хаос.

Од охридската Вмро тврдат дека урбанистичките решенија кои во последно време се носат се само на штета на градот и оние кои живеат тука. Тие потенцираат дека во блиска иднина ќе се видат негативностите од истите. Само со новата населба која ќе се изгради кај „Бејбунар“ ќе се зголеми бројот на жителите во Охрид за една третина, а на тој начин во голема мера ќе се измени неговата структура.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top