Михаилов очекува одговори од Градоначалникот на Охрид.
Каде се 50те милиони евра, пари на граѓаните кои Локалната ги потроши за овие седум години, а за возврат не направи ништо? Како се создадени нови долгови од околу 15 милиони евра кога Градоначалникот Александар Петрески рече дека пред три години сите заостанати долгови Локалната ги исплатила? Зошто од страна на Општината се бојкотираат проектите како изградба на здравствен дом, изградба на покриен базен, реновирање на спортската сала во Велгошти и изградба на нови игралишта. Ова се прашања кои Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ ги упатува до Градоначалникот на Охрид. Михаилов вели дека Локалната и Граоначалникот се избрани од граѓаните и тие се должни да дадат отчет пред нив.
Смешните обиди на Локалната самоуправа за симнување на одговорноста претставуваат признавање на нивното катастрофално управување со градов, додава Претседателот на ОК. Тој запраша и колкава е штетата на Охрид нанесена од пазарењеата на Локалната и на мнозинството во советот за несреќните урбанистички решенија.
Михаилов обвинува и за четирите милиони евра кои Локалната ги издвоила од буџетот за потребите на ТЛЕР и прашува до кога Локалната ќе зема пари од администрацијата за покривање на сопствените сметки. Михаилов очекува одговори на овие прашања потенцирајќи дека Градоначалникот тоа им го должи на граѓаните на Охрид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град