Овој традиционален маратон е дваесет и седми по ред, а се организира по повод 8ми Септември, Денот на независноста на Македонија.
Познати победниците на 27от традиционален, меѓународен атлетски маратон, Охрид 2013. Лајош Берец од Унгарија беше најдобар помеѓу 29те атлетичари од повеќе земји.
Тој, триесеткилометарската патека од граничната караула кај Свети Наум до Охрид, ја истрача за време од 1 час, 42 минути и 37 секунди. Македонија имаше свој атлетичар на пиедесталот. Со време од 2 часа, 3 минути и четири секунди, Зоран Саздов се пласираше на третото место. Во женска конкуренција пак, првото место и припадна на атлетичарката од Црна Гора, Слаѓана Перуновиќ. Таа, со време од 1 час, 58 минути и 31 секунда беше убедливо пред останатите шест атлетичарки кои учествуаа на овој традиционален маратон. Наградниот фонд за Охридскиот маратон изнесуваше 700 евра за победникот во машка конкуренција, додека најдобрата маратонка доби чек во вредност од 500 евра.
Сите учесници на маратонот добија медали и пофалници за учеството. На стартот кај Свети Наум на патеката излегоа 36 маратонци, од кои 29 во машка и седум во женска конкуренција.
Најмладиот учесник на маратонот беше петнаесет годишниот Климент Лазарески од Охрид, додека највозрасниот на патеката беше 58 годишниот Јован Трајчески, исто така од Охрид. Рекордот на патеката во машка конкуренција го држи Борислав Девиќ од Србија со резултат од 1:39:13, а во женска конкуренција Ана Суботич од Србија со резултат од 1:55:23 од 2010 година. Најтрофеен маратонец на Охридскиот маратон е Живко Стојчески со пет освоени први места, додека приматот според бројот на учества му припаѓа на Славчо Костоски кој до 2010 година патеката во Охрид ја има истрчано 14 пати.
Инаку Охридскиот маратон за прв пат е организиран во 1976 година и се организираше 18 (осумнаесет) години без прекин, се до 1993 година. Поради големата заинтересираност после првото одржување на маратонот, од општински, републички прерасна и во меѓународен атлетски маратон. Од 1993 година следи еднодецениска пауза за во наредните години повторно да биде успешно организиран. Маратонот важи за еден од најтешките маратони и се трча долж крајбрежјето на Охридското Eзеро од Св. Наум до Охрид со многу нагорнини и надолнини со вкупна должина од 30 километри.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град