Познати добитниците на Св. Климентовите награди

Скандал до скандал. Сеуште незаборавен минатогодишниот,  веќе излезе нов.

 |  Татјана Маленкова  | 
Sv Kliment Ohridski
Св Климент Охридски

Sv Kliment OhridskiПаметниот учи од туѓите грешки, а глупавиот од своите. Но очигледно ова не важи и за нас-охриѓани. Колку пати треба да згрешиме, за да научиме. Минатата година се посрамотивме со највисокото општинско признание, наградата на патронот на Охрид – Св. Климент Охридски. Иако се додели, на добитниците не им се врачи поради добро познатите пропусти на организаторот- Локалната самоуправа. Годинава, таа по се изгледа ќе биде врачена. И кога помисливме дека можеби некако ќе успееме, не да го заборавиме, туку само да го ублажиме горчливиот вкус кој ни остана уште од минатиот 8 -ми декември, ново изненадување. На денешната прес конференција беа соопштени имињата на овогодинешните кандидати за ова престижно признание. Меѓу нив, Здружението за целосна афирмација на МПЦ  „Богојавление,  Националната установа Фестивалот „Охридско лето“ и изненадувањето фондација Рамковски, поточно Велија Рамковски.

Новата претседателка на Комисијата за доделување на награди и признанија, Виолета Мицковска, на новинарите се обиде да им образложи зошто и годинава Св. Климентовата награда се дели на повеќе апликанти и зошто истата ја добија  токму „Богојавление“ „Охридско лето“ и „фондацијата Рамковски“.

Mickovska„Благодарение на здружението Богојавление во Охрид се продолжува туристичката сезона“ вели Мицковска и додава „Сите сме сведоци дека за Богојавление во Охрид доаѓаат верници од Македонија, но и пошироко. И не само тоа, туку  доаѓаат и дипломати. Овој ден ги сплотува сите“, вели Мицковска.

Претседателката не даде конкретен одговор на новинарското прашање дали на вчерашниот состанок, кога се разгледувале пристигнатите апликации, не  се прокоментирало дека наградата која се доделува за долгогодишно работење, афирмарње и промовирање на градот ја добива Здружение кое постои само 7 години.

НУ Фестивалот “Охридско лето“, која годинава прославуваше 50 годишен јубилеј, колку толку го обели образот на Комисијата. Барем за оваа награда, присутните на прес конференцијата и членовите на Комисијата беа едногласни дека наградата оди во вистински раце.

„Охриѓани преку Охридско лето видоа многу успешни уметници, но и преку нив за Охрид се слушна ширум светов“, вели Мицковска.

Најголемото изненадување сепак е третиот кандидат добитник на највисокото општинско признание – Фондацијата Рамковски. Еве на што, од наведеното во апликацијата за Рамковски, се воодушевија членовите на Комисијата за награди и признанија.

„Сите ја гладаме шпицата на А1 Телевизија со која се презентира Охрид, не само во Македонија туку и пошироко. Рамковски ги подржува сите културни мнифестации во Охрид, како “Вечери на Живко Чинго“, “Поетска ноќ во Велстово“, “Балкански фестивал“, финасираше и за градбата на Мостот на желбите, вели Мицковска.

Се запрашуваме како може најважната општинска награда да ја добие некој за дивоградба, затоа што добро е познато дека Мостот на желбите нема дозвола за градба? Но и како може највисокото признание на градов да го добие човек, за кого државните институции имаат основано сомнение  дека е инволвиран во организиран криминал. Секако човек не е виновен додека не се докаже спротивното, но толку ли Велија го задолжи градот да мораше да се фрли дамка на Св.Климентовата награда.

По соопштувањето на Св. Климентовите награди, некако како во вода да паднаа доделените Повелби, и покрај тоа што тие одат на право место. Од областа на книжевноста повелбата ја добива младата поетеса, Кристина Аслимовска, а од областа на новинарството постхумно повелба за еден од доајените на новинарството во Охрид, Никола Маневски.

По скандалот кој ги потресе охриѓани со Св.Климентовата награда, се погласни се коментарите дека можеби подобро ќе беше и оваа година да не се додели наградата, ако веќе толку немаме заслужни сограѓани за да ги закитиме со неа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top