Позелена каналот Студенчишта

Процвета алга која не е специфична за овој период од годината. Научниците од Хидробиолошки завод, како причина ги посочуваат абнормалните временски прилики за овој период од годината, додакa пак риболовците бараат одговорност за она што му се случува на каналот.

 |  Николоска Биљана  | 
alga
алга

Процвета алга во каналот Студенчишта. Ваквата слика не е вообичаена за овој временски период. Спортските риболовци реагираат и велат дека за прв пат забележуваат една ваква појава. Тие сметаат дека тука има огромно присуство на фосфор, не ја исклучуваат можноста дека се влеваат фекалии, органски матери и друго. Претседателот на Спортските риболовци Радован Димитриески, се заканува со кривични пријави, бидејќи смета дека тоа се должи на тотална негрижа на одговорните институции кои ништо не преземаат за она што им се случува пред нос.

alga„Ова е прва година, додека другите појави, поморот и невлегување на палшицата во овој период на зимување, почна да се случува последните неколку години односно од појавата на поголемиот број на глисери, односно пловните објекти кои се усидрени во самиот канал. Ние сега ќе започнеме да поденсуваме кривични пријави до непознати сторители за да можеме да откриеме чии фекалии се влеваат на ова место, овде се пескараа бродови едно време да видиме што е причината за овие појави кои се несекојдневни досега и не се појавувале“-рече Димитриевски.

Директорката на Хидробиолoшкиот Завод, Сузана Патчева,   нема информација дека на тоа место во каналот се влеваат фекалии. Вели дека ќе направат дополнителни испитувања. Патчева смета дека појавата на алгата се должи на глобалните временски промени и е само уште едно од многуте невообичаени случувања кои се очекуваат и на кои ќе бидеме сведоци во периодот што следи.

„Точно за овој период од годината не е карактеристично да се појави кладофората која се јавува во пролетно летниот период, меѓутоа но не е карактеристично во овој период од годината да имаме високи температури и интензивно осветлување. Точно како резулатат на ова се јавува развивање на оваа алга не претставува ништо алармантно и опасност за живиот свет“-вели Патчева.

algaУкажувањето на спортските риболовци, Димитриевски, вели дека се  во насока да се презамат сериозни чекори од надлежнте, како би се спасил каналот Студенчишта кој три милиони години опстојувал како зимовник. Но Димитриески е загрижен и за заштитата на блатото.

„Редно е еднаш да се преземе одговорност, од било која страна за сето она што се случува и на кој начин ние ја уништуваме природата и дали некогаш ќе ги прошетаат претстввниците на УНЕСКО да видат што се случува овде, ние ќе доставиме примероци до УНЕСКО, не само од каналот туку и од други места“.  Блатото еве сега слушаме дека во неговата средина ќе се гради хотел“-нагласува Димитриевски.

И спортските риболовци и стручните работници од Хидробиолошкиот завод се согласни во едно дека аномалиите во Студенчишкиот канал не се забележани на други локации на крајбрежјето. Од тука се поставува прашањето дали појавите во каналот  се должат на влијанието на природата или виновен е човечкиот фактор.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top