За поздраво срце, планинарење на Галичица

Во рамките на одбележување на Неделата на срцево-садови заболувања, О.О на Црвениот крст од Охрид, оваа сабота на 22.02 2014-та година организира еднодневна планинарска тура.

 |  Голабовски Крсте  | 
planinari
планинари

galicicaВо рамките на одбележување на Неделата на срцево-садови заболувања, О.О на Црвениот крст од Охрид, оваа сабота на 22.02 2014-та година организира еднодневна планинарска тура до Спасителната станица на Црвениот крст која се наоѓа кај месноста Липова ливада, на планината Галичица на висина од 1600м, со можност за искачување на некој од околните врвови над 2000м, како Магаро или Лако Сигној.

Во оваа физичка активност може да учествуваат сите оние кои се чувствуваат психофизички способни и поседуваат стандардна планинарска опрема за искачување на планина, како планинарски чевли, планинарски ранец, резервна топла облека, јакна за заштита од ветар, храна, вода најмалку 1,5л, капа, очила или друга заштита од сонце.
Групата ќе ја водат и придружуваат членови на Единицата за спасување на планина и непристапни терени при Црвениот крст од Охрид.

Поаѓањето ќе биде на 22.02 2014-та година во 08:00 од пред седиштето на Црвениот крст. Цената на повратен автобуски билет изнесува 250.00 ден. Заинтересираните да се пријават најдоцна до утре, со цел популнување соодветна пријава за учество.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top