Пожарникарите прославуваа

Охридската Противпожарна станица го одбележа Денот на пожарникарите, 20-ти мај. Денеска беше пуштено во употреба и новото противпожарно возило кое го доби охридската ПП единица од Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија.

 |  Татјана Маленкова  | 
PP vozilo
ПП возило

Пожарникарите го прославија својот празник, 20-ти мај –  Денот на пожарникарите во Р Македонија. По повод овој празник денеска во ПП станица се одржа скромна свеченост на која присуствуваше и градоначалникот Александар Петрески. „ Секаде каде што општините добија ингеренции над противпожарните единици, тие покажаа подобри резултати отколку претходно кога беа на централно ниво. Иако делумно ја имаме превземено противпожарната заштита, имаме голем напредок, досега направивме три пати повеќе, отколку во изминативе триесет години. Набавивме нови основни средства и го зголемивме бројот на вработени“, вели градоначалникот.

„Еден град како Охрид со територијата која ја покрива треба минимум да има 40 вработени. Кога ја презедовме имаше 20 вработени… сега се ближи на бројот 40. Лани добивме возило, а годинава се наговестува дека ќе добиеме повторно. На ова возило не сме сопственици, туку ни е доделено на користење од дирекцијата за заштита и спасување,. Се надевем дека за неколку години и тоа ќе припадне во наша сопственост“, истакна градоначалникот.

Петрески најави дека локалната сериозно размислува да набави и чамец за противпожарна заштита, затоа што има населени места во кои доколку дојде до пожар ќе може да се гаси исклучиво од вода.
Посебно сме горди што на денешниот наш празник добивме на користење противпожарно возило од страна на дирекцијата за заштита и спасување, истакна командирот на против пожарната станица, Спасе Прентоски.

„ Со новото Холандско возило, подобро ќе работиме  и во поглед на обуката и во поглед на интервенирање“, истакна Спасе Прентоски, командир на против пожарната станица Охрид.

Aleksandar Spaseski

Денеска беше избран и најдобриот пожарникар за изминатава година. Оваа титула ја понесе Александар Спасески кој 19 години професијално ја извршува својата задача во против пожарната станица во Охрид. Спасески од градоначалникот доби телевизор.

Охридските пожарникари претпладнево со специјалните возила поминаа низ поголемите охридски улици, а во рамки на одбележувањето на празникот дел од нив даруваат и крв во болницата Свети Еразмо.

Инкаку против пожарната станица од Охрид годинава имаше 72 интервенции од кои 66 во Охрид и 6 во општина Дебарца.
Во Охрид 50 интервенции беа на објекти 14 на отворен простор и 2 на патнички возила.
Во општина Дебарца пак 3 интервенции на објекти 2 на отворен простор и 1 на патничко возило.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top