Изгоре куќа во стариот дел на Охрид

Пожар во стариот дел на Охрид, проголта куќа на улица Климентска и зафати дел од друга.

 |  Маленкова Татјана  | 
pozar star del odhrid

Пожарот кој најверојатно настанал од затнат оџак за многу кратко време се распламти, а густиот бел чад над калето можеше да се забележи од сите страни на Охрид. Благодарение на брзата интервенција на комшиите и противпожарната служба од Охрид и покрај тешкиот пристап до објектот, поради паркираните автомобили по тесните месокастрански улички, избегната е многу поголема катастрофа.  Во пожарот нема повредени лица. Во целост е уништена кровната pozar star del odhridконструкција и поголемиот дел од објектот.

„Успеавме да го пресечиме со помош на граѓаните кои веќе имаа реалирано, успеавме да го насочиме само на објектот кој беше запален, да не се префрли на ниту еден друг објект. Отежнителна околност е тоа што од долната непристапна страна имаше многу дрва, горлив матријал.Првично, најверојатно се работи за затнат оџак, по моите сознанија и врз основа на исказите на комшиите кои први го виделе пожарот“, вели раководител на смена во противпожарно одделение, Ацо Атанасов.

Атанасов објаснува дека се работи за  приземјен објект  кој се наоѓа помеѓу повеќе објекти, поточно објект кој е лепенка до други куќи, вообичаена слика за стариот дел на Охрид. раководител на смена во противпожарно одделение Атанасов признава дека пожарот можеше да биде катастрофален. Тој ова го напоменува поради непристапноста до објектите во стариот дел, проблем со кој постојано се соочуваат. Во случајов противпожарната служба покрај со пламени јазици се соочила и со проблем да ги пронајдат сопствениците на автомобилите паркирани по тесните улички, за да може специјалните противпожарни возила да поминат и стигнат до опожарениот објект.

„Морам да напоменам дека имавме тежок пристап поради паркираните возлила и уште еднаш да апелирам по којзнае кој пат до граѓаните кои живеат во овој дел на градот да си најдат решение за возилата“, вели pozar star del odhridАтанасов.

Додека се одвиваше драмата на самото место беше присутен и градоначалникот Александар Петрески.  Тој а и жителите на Месокастро видно возбудени  го следеа сето она што се случуваше.

Како што не информира командирот на ПП Единица од Охрид, Спасе Прентоски во гаснењето на пожарот учествувале 4 возила, на лице место пожарот го гаснеле 17 пожарникари од кои еден дел биле итно мобилизирани.  Пожарот бил толку силен што дождот воопшто не им помогнал на пожарникарите.
Екипи на итната медицинска помош во два наврати интервенирале на местото на настанот. Како што не информираа од таму и во двата наврати интервенцијата била за смирување на граѓаните од претрпениот шок.  Во редакцијата на ТВМ се јавија и сопствениците ан опожарената куќа. Тие преку нашиот медиум сакаат да изразат благодарност до пп екипи, сите соседи кои несебично помогнале во справувањето со пожарот како и до директорот на Охридски комуналец кој со неколку вработени од јавното п-јатие се вклучил во гаснењето.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top