Повторно нови наслови во охридската библиотека

Оваа среда се определивме да ви презентираме три наслови за деца и уште пет наслови наменети за возрасни.

 |   | 

Оваа среда се определивме да ви презентираме три наслови за деца и уште пет наслови наменети за возрасни.

Нашиот библиотечна понуда од денеска е збогатен со следниве наслови за деца: „Како да ги дресираме мама и тато“ во издание на Магор а од авторот Владимир Петрушевски – Фили,делото „Најмалиот слон на светот“ од Маќеј Шиманович, издание Бегемот, и „Џорџ и сината месечина“ од Луси и Стивен Хокинг во издание на Полица.

На одделот за зајмување можете да ги побарате и следниве наслови: „Вилино“ од Винка Саздова и „Цариградски емигрант“ од Луан Старова , обете во издание на Три, „Мирисот на парите“ од Смилјана Вукиќевиќ, издавач е Нова и „Собобир“ од Жан Мола во издание на Детска радост.

Пултот за зајмување работи под понеделник до петок од 8 и 30 до 18 и 30 а зачленувањето за возрасни е 300 а за деца 200 денари годишно.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top